САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, огранок на владата или заедница, ако се вклучени во корупција, објави американската амбасадорка Анџела Агелер по објавата дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски се ставени на црната листа на САД за корупција.

Денешните ознаки на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски никого не треба да изненадуваат. Соединетите Држави ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, огранок на владата или заедница што е вклучена во значителна корупција. Народот на Македонија заслужува правда и одговорност од нивните институции за да се запре бранот на криминално однесување и да се запре ракот на корупцијата, порача Агелер.