И покрај тоа што македонските граѓаните очекуваа одговор од Филипче за журката во Дубаи, од него нема одговор.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во минатото многупати знаел да биде бунтовен за неговите опоненти, но овој пат журката во Дубаи ја гледа како „работа од приватниот живот“ која „не сака да ја коментира“.

Социјалните мрежи се преполни со коментари по журката во Дубаи кои српските медиуми ја опишаа со најголеми епитети. Билетите чинеле по неколку стотици евра, а истите биле распродадени еден месец однапред. Забавата се одржала во луксузниот Хилтон, а оттука е парадоксалноста на Филипче како „социјалдемократ“ да ужива во луксузот во Дубаи.

(ВИДЕО) „Веселба каква што Дубаи не памти“: Српските медиуми пренесоа детали за забавата каде присуствуваа Филипче и Заев

Во меѓувреме, Филипче вели дека СДСМ е подготвена за избори, но нејасно е дали Филипче и СДСМ се консолидирани и спремни за овој чекор. И последните анкети говорат дека нивниот рејтинг продолжува да паѓа.