Новак Ѓоковиќ ја имаше и првата објава откако е на слобода.Тој вели дека е благодарен на судот во Мелбурн кој му ја врати визата.
„Задоволен сум и благодарен што судијата ми го поништи укинувањето на визата. И покрај сето тоа што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на Австралија опен. Останувам фокусиран на тоа. Дојдов овде за да играм на еден од најважните настани што ги имаме пред неверојатните навивачи. Во моментов не можам да кажам ништо повеќе освен големо благодарам за сите што ме поддржаа“, напиша Ѓоковиќ.
I’m pleased and grateful that the Judge overturned my visa cancellation. Despite all that has happened,I want to stay and try to compete @AustralianOpen
I remain focused on that. I flew here to play at one of the most important events we have in front of the amazing fans. 👇 pic.twitter.com/iJVbMfQ037— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 10, 2022