Тој ја повика неговата партија, Движењето БЕСА, да не презема избрзани чекори кои ќе ги оштетат партиските структури и активисти.

-Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за се. Во однос на медиумите и интересот ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно, напиша Реџепи на неговиот приватен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.