– Од една страна ми е навистина тешко што мора да поминува низ ова, знам колку се нервира. Тој е емотивен и знам колку тешко му паѓа, колку сочувствува со семејствата на жртвите. Но, од друга страна се радувам дека сега конечно ќе има повеќе време за мене, ќе му се намалат обврските. Јас не сум се откажала од него. И нема да се откажам без оглед на се што и да се случи. Не е важно дали понатаму ќе биде министер или не. Ако некој го сакаш вистински не е важно кој е и што е. Дали е на позиција или не е. Јас Филипче ќе си го сакам и да нема ниедна титула, вели Лиде

Таа додава:

-Јас сочувствувам со сите жртви и нивните семејства. Не дај Боже никому да поминува низ таа болка. Но, сите што го плукаат нека помислат како повеќе од една година тој се бори заедно со нас против пандемијата. Сите тие што зборуваат лошо за него нека се сетат само на оваа година ипол колку беше транспарентен, како неговите пресови беа и се уште се најгледани и дека секогаш имаше одговор за се. Никого не оставил без одговор или без помош. Беше најомилен министер. Е како тоа сега се се смени преку ноќ, вели таа.

Лиде не го заборавила неговото ветување, не ја заборавила реченицата „ќе пиеме кафе кога ќе заврши пандемијата“, и се уште се надева на средба, иако, како што вели, средба во живо имаше, но тоа не е тоа. Вели дека веќе не станува збор за тоа дека таа го сака, не само дека таа се навикнала на него, туку дека нивната средба ја поддржува и очекува цела држава.

-Не се откажувам, како да се откажам. Како да се откажам кога сега веќе сите не споменуваат и спојуваат. Сите овие денови колку што се зборува околу оставката сите во коментарите не споменуваат на нас. Демек ме немало сега. Како да ме има кога сочувствувам со она што му се случува. Па јас и Филипче сме како Џек и Руз на Титаник. Ако правиме свадба цела Македонија ќе биде поканета, вели Лиде, која деновиве од љубов запеа и на англиски јазик.