Се огласи руската новинарка Марина Овсијаникова, откако синоќа беше уапсена поради нејзиното појавување во етерот на руската државна телевизија „Прв канал“ со протестен плакат „Стоп за војната, не и верувајте на пропагандата“.

Таа на Твитер напиша:

„Не знам што ќе се случи со мене. Мојот адвокат ми рече дека според Кривичниот законик може да добијам затвор од 5 до 10 години. Не жалам, но ми треба вашата поддршка.
#Стоп на војната“

Уредничката вчера во чин на отпор и протест против војната во Украина, се појави во етер на телевизијата со плакат против војната, по што беше уапсена. Кремљ настанот го нарече „хулиганство“.