Откако денеска редакцијата на Радио Лидер објави дека хеликоптер на АРМ принудно слетал, се огласија и од Армија од каде ја потврдија веста и објаснија дека станува збор за редовно извршување на летачка обука.

Нивните информации ги пренесуваме во продолжение:

Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во време околу 14 и 30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец, информираат од Армијата.

По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото, се до утврдување на причината на кварот и оспособување на хеликоптерот. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана.