Министерството за образование и наука изготвува прва нацрт верзија на новиот Закон за учебници во основното и средното училиште.
Иницијативата произлегува од МОН и Педагошката служба, со цел да се унапреди квалитетот на содржината на учебниците, како и да се намали веројатноста за евентуални грешки, а во исто време да се поедностави процесот на набавка на учебниците во училиштата.
– Во новото законско решение ќе бидат интегрирани сите предлози што од јануари пристигнаа на адресата на МОН, кога беше повикана јавноста да даде забалешки и сугестии на постојното законско решение што е основа за изработка на ново законско решение. – велат од МОН.
Дел од професорите за тв 24 велат дека не се оптимисти дека соодветни учебници ќе има за учениците до крајот на учебната година.
Образованието не трпи експерименти. Учебната 2022/2023 започна без учебници. Потоа МОН најави дека учебниците ќе се испорачаат во училиштата почетокот на месец ноември, во меѓувреме МОН потроши над 600 илјади евра за привремените материјали.
Откако се испорачаа учебниците во училиштата следеа бурни реакции за недозволивите грешки во учебниците по Историја и општетсво и географија.