Како што рече министерот Венко Филипче, тимовите се составени од претставници од Министерството за образование и епидемиолози од Комисијата за заштита од заразни болести.

– Се однесува на тоа, децата да се присутни 100%, вкупната бројка на деца во класовите, така се прават протоколите. Има мерки за дезинфекција, мерки за влез-излез, немешање на различни класови. Ми се чини дека за не повеќе од две недели протоколите ќе бидат целосно завршени, рече Филпче.

Министерот додаде дека веднаш по пристигнувањето на поголемиот контингент вакцини, ќе се почне со имунизација на наставниот кадар од училиштата.