Авганистанката која пристигна бремена со синоќешниот лет од Кабул во Македонија, се породи денеска во Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, и роди здраво машко дете тешко 3 килограми и 200 грама.
Автанистанката прва беше изнесена од авионот, и веднаш пренесена во болница, каде што денеска на свет донесе здраво машко дете.
Бебето и мајката се чувствуваат добро. И бил направен тест кој бил негативен.
На останатите кои дојдоа во Скопје, на една жена и се слошило, но сега била во добра здравствена состојба. Им биле пружени сите прегледи во текот на денешниот ден.