Во Шпанија се зголемува бројот на хотели кои забрануваат влез за деца за на своите гости да им пружат мир и тишина.
Хотелот Нептуно бил еден од првите во Шпанија со натпис „Adults only“ (само возрасни). На гостите им се ветува тишина во собите, а во рестораните маси каде нема семејства.
-Вакви хотели има се повеќе. Сега недостасуваат хотели каде примаат деца, низ шега вели директорот на хотелот Армандо Ромеро.
Дека овој тренд е во пораст укажува и интернет страната Adults Only Holidays која нуди голем број сместувачки капацитети речиси во целиот свет.
Некои родители поради тоа се нашле во ситуација да им биде забранет влез кога се појавиле со своите деца. Ваквите случаи ги пријавувале во Здружение за заштита на потрошувачи од каде целат се вакви жалби примиле повеќе од што би сакале.