Силно невреме го погоди подрачјето на Cеверна Германија поради што дошло до прекин на железничкиот сообраќај. Метеоролошката служба издаде предупредување за можни поплави во Хамбург.

Нивото на реката Елба е зголемено за 5,2 метри над нормалата, пренесува Ројтерс.

Германската метеоролошка служба предупредува дека би можело да дуваат ургански ветришта кои би достигнале брзина од 100 километри на час.

Противпожарната служба во Хамбург синоќа имала 450 повици.