Ангелов рече:
– Транспортот на керозин е малку посложен процес, затоа што се работи за исклучително лесно запалива течност. Намерата е овој кирозин денеска да биде сместен во касарната во Штип, каде што ќе биде на безбедно и српските хеликоптери кои имаат помал резерворар да полнат гориво во штипската касарна за да ја зголемиме нивната ефикасност
Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање посочи дека доколку во текот на денот дојде до потреба овие хеликоптери да бидат ангажирани на друго место, ќе има можност и цистерната да се однесе таму.
Како што рече директорот на ЦУК намерата е да се скрати времето на полнење на гориво и со тоа да се зголеми ефикасноста на хеликоптерите во гаснењето пожари.