– Ние како општина сме организирани и со сите расположиви противпожарни единици сме во состојба на подготвеност. Брзо се дејствуваше и за пожарот кој се појави над Кадрифаково, Криви Дол и Добрашани. Во гаснењето се вклучени и механизација и вработени во јавните претпријатија во Штип, вели градоначалникот на Штип, Сашко Николов.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и екипи од Свети Николе. Од противпожарната единица во Штип информираат дека на терен се 20 нивни пожарникари. Теренот е непристапен за возилата, па пожарот мора да се гаси рачно.

– Најголем проблем е ветерот, познатипот овчеполец, кој дува силно, уште повеќе го распламтува огнот и го шири на сите страни. Ако во наредните неколу часа не се изгасне, ќе се бара интервенција на хеликоптери, велат од протипожарната единица во Штип.