Во вакви услови учат студентите во библиотеката, кои се подготвуваат за своите испити. Оваа зграда на библиотеката не е реновирана декади наназад- изгледа запустено, руинирано и отфрлена од сите власти, од сите надлежни.

Сегашниот директор на библиотеката Фримзим Даути, за медиумите дава кус писмен одговорво кој вели дека состојбата во читалните на библиотеката е лоша, а запуштената и руинирана зграда е реалност, но ја потенцира сопствената немоќ да стори нешто, затоа што- не зависи тоа од него

– Состојбата во читалните на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, е во крајно лоша состојба. Очекуваме од Владата и Министерството за култура да превземе мерки т.е. да ги обезбеди финансиските средства и да се реновира целата зграда а под итно кровот и читалните. Се надеваме дека во најбрз можен рок ова ќе се реализира и читателите ќе може да работат, учат и истражуваат во нормални услови. – вели Фримзим Даути, директор на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, вели Даути за ТВ 24.

Од Министерството за култура велат дека министерката испратила комисија во ненајавена работна посета на библиотеката, и по извршениот увид биле констатирани бројни слабост и дека поради негрижа, објектот со години е запоставуван и доведен до исклучителна лоша состојба.

– Комисијата за Инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема при Министерството за култура, во февруари годинава, достави извештај со кој за Нацрт-годишната програма за работа на НУБ не ги прифати барањата (за набавка на лифт, за сервисирање на системите за ладење и греење и за санација на покривот на стариот објект ) заради погрешна и непотполна документација. Вистинската адреса за овие барања е Програмата за инвестиции во културата каде што, доколку конкурирале, би им биле одобрени бараните средства за санација на покривот за која проектот е веќе направен. И во овој случај се работи за недоволна ангажираност на раководните лица. – велат од Министерство за култура.

Апсурдот продолжува- Во 2009 година беше отворена нова модерна зграда во продолжение на постоечката зграда на библиотеката, со што се зголеми за дополнителни 3000 м2. Но, овој простор не е во употреба, бидејќи ништо не се презема од Универзитетската бибилиотека за да функционира, ниту пак има одговор зошто не се создаваат тие неопходни критериуми и услови.