Мостот ги поврзуваше жителите со земјоделските површини од другата страна на реката и беше единствениот по кој мораше да се помине до селските гробишта заради што, како што информираа од Општината, итно беше потребна негова санација.
-Започна санацијата на оштетената пристапна рампа на мостот во село Тработивиште кој настрада од надојдените води на река Желевица. Градежните работи за санација ги изведува фирмата СД Транс и се очекува за неколку дена мостот да биде ставен во функција, истакнаа од Општината.
Оштетувањето на мостот во село Тработивиште беше еден од посериозните проблеми предизвикани од неодамнешниот зголемен водостој на реките, поради обилните врнежи од дожд што ја зафатија општина Делчево.