Се шири големата кашлица, а први на удар се невакцинираните лица.
Скпоје, Куманово, Тетово и Гостивар се главни жаришта
Од стартот на епидемијата има 56 случаи на пертусис, од кои 46 во Скопје. Опасната болест се шири и во Куманово, Тетово и Гостивар. 14 се бебиња до една година, а меѓу заболените има и 9 деца до 4 години. 16 се неимунизирани, а 12 имаат некомплетен вакцинален картон. Расте бројот и на заболени адолесценти.
Вакцинирани 13 илјади лица
Пертусисот ги исплаши родители кои побрзаа во диспанзерите. За неполн месец се аплицирани 13 илјади вакцини. Хоспитализирани на Инфективна нема, пациентите се третираат амбулантски.
Досега 22 случаи на голема кашлица: Зголемен интересот за вакцинација кај децата
Кои треба да се вакцинираат?
Бактеријата не е опасна за возрасните. За нив има и достапен лек. Треба да се вакцинираат само оние кои живеат со мали деца, за да не им ја пренесат болеста. Вакцината штити до 10 години.