Потпретседателот на Беса Фатмир Лимани вчера во емисијата „200“ на Алсат изјави дека партијата не е против вклучувањето на Бугарите во Уставот, но е против Албанците во највисокиот правен акт да се претставуваат со проценти.
-Ние не сме против вклучување на Бугарите во Уставот. Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но ние сме против тоа Албанците да се претстават како 20 отсто. Албанците со преамбулата договорена со Охридскиот договор се државотворен народ. И во случај да не се избрише 20 отсто како дефиниција внатре во Уставот, Беса ќе гласа против, вели Лимани.
Според Лимани, ова не е условување, а како што рече и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не бил против бришење на 20 отсто.
-Ние не условуваме. За ние да условуваме треба да има страна која не се согласува. ВМРО-ДПМНЕ отворено кажа дека нема проблем да се брише 20 отсто. Претседателот на државата пред некој ден изјави дека тоа не е проблем. Тоа не е условување. Тоа е легитимно право, дури тоа е гарантирано и со потпишувањето на договорот од Охрид. Тоа не е условување. Ние како Беса имаме поднесено амандман во Владата, која потоа ќе го достави во Собрание тоа барање за уставни измени, вели Лимани.
Тој додаде дека Беса нема да учествува во работната група за составување на уставните амандмани.