Името на актулениот преседател на државата, Стево Пендаровски заедно со поранешни имиња на претседатели на државата, поранешни претседатели и сектретари на СДСМ, како и врвни поранешни судии се меѓу можните кандидати за претседателски кандидат од редовите на социјал-демократите.

Ваквите одговор го соопшти денеска поранешниот премиер и претседател на СДСМ како одговор на новинарско прашање околу тоа кој е идниот кандидат со кој би настапила неговата партија. Она што е чудно е дека на прес-конференцијата Ковачевски не го спомена името на други кандидати кои претходно се шпекулираа во јавноста.

На заедничката прес-конференција со Ларс Клингбеил, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски рече дека не може да ја открие точната бројка на кандидати, а напомена дека во игра е и актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски.

Бројките на можни кандидати се собираат во секторот на организацискиот секретар. Се работи за повеќе еминентни можни кандидати, вклучително и претседателот Пендаровски, кој што е предложен од општинските организации.

Ковачевски додаде дека СДСМ располага со висок кадровски потенцијал.

Тоа што можев да го видам од она што го имаме добиено на располагање од општинските организации, само потврдува дека СДСМ е голема партија, партија која располага со врвен кадровски потенцијал и која секогаш ги има најдобрите кандидати за сите позиции, додаде Ковачевски.

Во меѓувреме, се шпекулира дека СДСМ за свои кандидати за претседател на идните избори ги има Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, и Миле Зечевиќ.

Сите анкети моментално покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ, а партијата претходно истакна дека кандидатот ќе го бира внатрепартиски.