Се стопи снежната покривка, па се покажа она што е срам. Националниот парк наместо да блеска „се дави“ во ѓубре кое се фрла по долините, реките, ливадите, длабоко во заштитеното подрачје.
Почнувајќи од атарите на шарпланинските села, па сѐ до самите ски стази ѓубрето е насекаде.
Децениски проблем
Ибрахин Дехари вели дека ова е проблем кој трае со децении, а грдата слика секојдневно ја гледаат туристите.
Дехари додава дека проблемот е во тоа што општините во чија територија е паркот не го собира сметот од шарпланинските села. Па мештаните се снаоѓаат како знаат и умеат. Но, најчесто се ослободуваат од отпадот фрлајќи го во атарите на селата.
Мештаните признаваат дека фрлаат отпад на јавните површини.
Никој не презема мерки, надлежните пасивни
Досега нема изречено ниту една казна за фрлање на смет на Шара. Нема ниту најави од општините дека ќе започнат да го собираат сметот во Националниот парк со уникатни убавини и брендови, девастирани од илјадници тони отпад.