Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да се укинат задолжителното поседување на сертификати за вакцинација, за влез во моловите. Сега, повторно ќе има нова кампања за да се поттикне вакцинацијата, но без оваа рестрикција.

-Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде не е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни, рече Александар Петличковски, претседател на Комисијата.

Портпаролот Злате Мехмедновиќ рече дека вакцинацијата е на ниско ниво.

-Со потенцирање на вакцинацијата кај ризичните групи, ќе спречиме компликаиции кај оваа група на граѓани. 260 илјади граѓани се во таа група, 130 илјади не се целосно вакцинирани, а останатите нема бустер доза. На тоа ќе се фокусираме за да го подигнеме квалитетот на имунитетот и да биде основа за понатамошно олабавување на мерките, кажа Мехмедовиќ.