Руски воен транспортен авион Иљушин 76 утрово се урна во градот Рјазан, при што загинаа четири лица, а петмина се повредени.

Според првичните информации авионот се урнал за време на тренажен лет откако се запалил еден од моторите.

По падот на авионот не е пријавена штета на теренот.