Зграда на средно училиште во Романија денеска се урна, а се стравува дека неколку деца се заробени во урнатините и се уште се трага по нив.
Површината на образовната институција наречена „Тамаси Арон“ во романскиот град Одорхеу Секуеску, која се урна, изнесува 200 метри квадратни, јавуваат романските медиуми кои посочуваат дека на местото на настанот има две противпожарни возила, две екипи на брза помош, камиони, контејнер за депонирање отпад и три екипи за итна помош.