Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на денешната прес конференција потврди дека пожарите ја зедоа и првата жртва, жена која настрада во пожарот кој ја зафатил нејзината куќа во кумановското село Челопек.

Сакам да изразам сочуство на човекот кој ја изгуби сопругата. Страшно е тоа што се случи во кумановско Челопек. Куќите ќе ги направиме, дрвата ќе пораснат, но колку буки или борови вреди човечкиот живот? Затоа да се фокусираме на човечките животи. Државата ќе помогне да се направи нов дом, нов живот нема да се врати. Апелирам до сите граѓани кои ќе се најдат блиску до пожарите еднаш да бегаат, да се евакуираат. Човечкиот живот е бесценет, рече Ангелов.

Потрагата по 80-годишната Стојанка е сè ште во тек. Се пребарува нејзината куќа која е опожарена. Се смета дека таа се засолнила од пожарот во својот дом, а нејзиниот животен сопатеник Борис не сака да го напушти ова место.

На лице место беше јавен обвинител, а се пребарува рачно и со механизација.