Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 1.061 случај е во Атика, 172 се на Крит, 51 во Солун, 50 во Јанина, 18 во Коринт, 14 на островот Миконос (кој веќе е во третата портокалова зона), 12 на Крф, пет на Халкидики итн.

Од новите случаи 21 е „увезен“, од кои шест биле откриени на влезните точки во земјата.

Вчера, беа соопштени 1.797 нови случаи на Ковид-19, од вкупно 66.464 тестови, а денешните 1.820 заразени се од 59.903 тестирања (13.578 рапид и 46.325 ПЦР).

Последен пат, над 1.800 новозаразени во Грција имаше на 1 јуни годинава.

Од почетокот на пандемијата во земјата, од Ковид-19 починаа 12.763 лица, а потврдени се 430.960 позитивни случаи.