Во Општина Делчево во тек е пријавување штети од невремето проследено со силен ветар, дожд и град кое го зафати градот минатата сабота.
Заклучно со последниот ден од месец јуни годинава до Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди граѓаните доставиле 220 пријави за штети.
Пријавувањето на штетите предизвикани од невремето ќе трае до 10 јули, а претставници од Комисијата веќе одат на терен за проценка на досега пријавените штети.