Продолжува поставувањето на фотонапонски панели на Јавните Општински објекти во Кавадарци, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

-Кавадарци е меѓу првите општини која започна со реализација на проектот ,,Поставување на фотонапонски панели на 10 Јавни Општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час’’. Покрај Општинската зграда, О.О.У ,,Димката Ангелов Габерот’’,С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов’’ ,С.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, С.О.У. ,,Димката Ангелов Габерот’’ Ваташа, деновиве се поставија и во С.О.У ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци па следуваат и останатите кои се планирани, истакна Јанчев.

-Во Кавадарци за првпат се реализира ваков иновативен проект со кој ќе се придонесе за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на граѓаните бидејќи овие фотонапонски системи работат на користење на обновливи извори на енергија, додаде тој.