Телото на петта жртва е пронајдено по уривањето на станбена зграда во американскиот град Сурфсајд, на Флорида, соопштија локалните власти.

По уривањето на зградата, се уште се сметаат за исчезнати 156 лица.

Меѓу исчезнатите се деветмина Аргентинци, тројца Уругвајци и шестмина Парагвајци, вклучувајќи ја и сестрата на првата дама на Парагвај, како и најмалку четворица Канаѓани, соопштија властите.