Уставниот суд денеска ќе ја одржи 25. седница со само една точка зажана на дневен ред, поради обемноста на предметот.

Како што се наведува во соопштението од Уставниот суд, станува збор за рефератот У.бр.19/2018 во кој се оспорени 49 члена од Законот за кривичната постапка.

Подносител на иницијативата е Павлина Зефиќ, адвокатка од Скопје, која навела дека ги оспорила одредбите за да влијае врз развојот на демократското општество и на казненото процесно право, кое според неа се остварува преку усогласеноста на законите со Уставот и меѓународните норми, особено со одредбите од Европската конвенција за човековите права и богатата пракса на тој суд.

-Во иницијативата се наведува дека колку и да е јасно напишана една законска одредба во кој било казненоправен систем постои неизбежниот елемент на судско толкување, како и потребата од прилагодување на тие одредби на променливите околности, стои во објавата за седницата на веб страницата на Уставниот суд.