Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да расправаат за Предлог-одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“, како и избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието и на повеќе собраниски тела.

Предлог-законот за финансиска стабилност и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, и двата во прво читање и со европско знаменце, се единствени точки на дневен ред на 100-та седница на Законодавно-правната комисија.