Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог одлуката за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител, Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2021 година.

Членовите на Комисијата за здравство и на Законодавно – правна комисија треба да го разгледаат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.