Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во второ читање е единствената точка на дневниот ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Комисијата за европски прашања на денешната седница ќе расправа по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, во прво читање, како и за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, во второ читање.

На седницата на Законодавно-правната комисија, на агендата е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, по скратена постапка, во второ читање, предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за работните односи, на Законот за заштита и спасување и на Законот за трговија, сите во прво читање, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта.