Еден активен пожар на отворен простор, седум изгаснати, еден под контрола
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата биле регистрирани девет пожари на отворен простор. Од нив, седум се изгаснати, еден е под контрола, а еден активен пожар на отворен простор е сè уште неугаснат.
Единствениот активен пожар се наоѓа во близина на селото Стровија, кај местото викано Гајдарец-Клепало, во општина Долнени. Пожарот го зафатил појасот со нискостеблеста шума, а екипите се активни на терен.
Според Центарот за управување со кризи, под контрола е пожарот што избувнал на планината Готен, на територија на Берово. Таму биле зафатени површини со бор, бука, смрека, ниска вегетација и грмушки.
Надлежните служби продолжуваат со дејствување на терен и следење на ситуацијата.