Обвинетиот Суад Бајрам (45) од Скопје, таткото обвинет дека го уби тримесечното бебе доби затвор од 20 години. Основниот кривичен суд Скопје денес го огласи за виновен за кривичното дело убиство при вршење на семејно насилство, пренесе МКД.МК.
Бајрам призна дека го сторил убиството и пред судиите изразил жалење и каење за стореното. Но, денес по изречената казна затвор од 20 години тој негодуваше дека тоа се многу години затвор и кажа дека очекувал помала казна бидејќи, како што рече, немало сега кој да се грижи за другите 3 малолетни деца. Бебето почина поради повреди и крварење во мозокот од ударите на таткото.
Дваесет години затвор е многу висока казна. Јас сега има 45 години и до кога ќе седам во затвор? Имам уште 3 малолетни деца и за нив нема кој да се грижи. Мислев помала казна ќе добијам, ѝ се пожали обвинетиот на адвокатката.
Целата сторија на МКД.мк