По седуммесечна истрага за „сексистичката култура“ во австралискиот Парламент, беше откриено дека сексуалното вознемирување и насилничкото однесување во Парламентот е широко распространето и се однесува и на законодавците и на другите вработени.

Вакво однесување доживеале 63 отсто од пратеничките. „Машките политичари сметаа дека е нормално да те бакнуваат во уста, да те допираат, да те тапкаат по задникот, да коментираат за изгледот, знаеш, вообичаените работи… и културата го дозволи тоа“, вели една од 1.700-те кои биле интервјуирани.

Извештајот подготви 28 предлози, вклучително и официјална изјава со која се потврдува проблемот и „проактивен фокус на безбедноста и благосостојбата“.

Извештајот беше објавен поради гневни реакции за пријавеното силување на парламентарката Британи Хигинс во кабинетот на министерот, по со колегите од Либералната партија.