Зијадин Села нема да поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците, барем не до одржувањето на Конгресот на партијата на 27 март догодина.

Алијанса за Албанците денес го оддржа Централното собрание каде членовите расправаа за извештајот од локалните избори и формирањето комисија која ќе биде одговорна за организирање на партискиот конгрес кој се очекува да се одржи на 27 март.

За време на Централното собрание на партијата, Села изјави дека како лидер има одговорност пред структурите и дека не може да ја остави партијата без претседател во ваков период на политички настани.

– Поднесувањето оставка во оваа ситуација би ја оставело партијата без претседател. Има политички случувања и јас во никој случај не би ја играл играта на оние кои не ѝ посакуваат добро на Алијанса за Албанците, а тоа се политичките опоненти. Јас сум должен да го „проголтам“ овој дел од одговорноста и да продолжам да бидат претседател на партијата сè до наредниот конгрес“, изјави Села.