На прашањето на модераторот од телевизијата, околу тоа која е разликата меѓу Заев и Мицкоски, Села одговори:

– За Мицкоски не можам многу да зборувам, но Заев ми заби нож во грб. Ми го уапси човекот кој ми го спаси животот, мислам на Фета Алими. Заев дојде во Струга да му даде поддршка на Рамиз Мерко, за кого велеше дека е најголем криминалец. Заев отиде го одбра ДУИ за кои велеше дека се корумпирани. Треба ли повеќе да кажувам?, беше одговорот на Села.