За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена. Петре Шилегов за еден мандат со градоначалничка плата од илјада евра успеа да направи луксузна хациенда во Маврово и да изврши доградба на зграда во Тафталиџе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Венко Филипче како министер со министерска плата гради куќа на ултра луксузна локација на Водно од неколку ката на големо дворно земјиште. Од функција со луксузна куќа се поднови и Мила Царовска која изгради хациенда на Осогово. Шекеринска својот имот го зголеми со нова куќа, резиденција во центарот на Скопје. Луксузни куќи и станови во ек на мандат земаа и Костадин Костадинов и други функционери од власта. Додека народот едвај врзува крај си крај врвот на власта трупа имот тежок милиони, се наведува во партиското соопштение.