Запрашан за амандманот поднесен од Халил Снопче, а со кој се бара пописот да се одржи во јуни, Села го оценува како обид на ДУИ да го сокрие предавството што го направиле кон Албанците.

– Тогаш бевме во право, во право сме и денес, бидејќи тоа е процес што веќе започна и не можете да ги прекинувате граѓаните на половина пат. Од „икс“ причини, сега се отвораат други теми. Од она што го слушнавме на прес-конференцијата, дека треба да се почитува одлуката на претседател на партија, а да не се почитува законот. Сега се користат други дефиниции, идентификација, верификација и сето тоа со право отвора дилеми за граѓаните, за оние кои се регистрирани да имаат вистински процес на попис. Она што го бараме не сега, ниту пред 10 години, туку од 90-тите години. Амандманот што го спомнавте е најјасен пример за тоа како ДУИ се обидува да манипулира со јавноста, да го скрие предавството што им го прави на Албанците фрлајќи ја вината на друго место, додека за да го одложиме или да не го одложиме пописот, ја имаме, само ние, рече Села.