На 14.08.2026 година во 14:15 часот, полициски службеници од ПС Тетово го лишиле од слобода И.Д.(44) од Тетово. Постапувајќи по претходна пријава од неговата 41- годишна сопруга, дека по вербална расправија физички ја нападнал при што и упатил и вербални закани.
Пријавителката се здобила со телесни повреди, но истиот и оневозможил да побара лекарска помош.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
