Третото основно јавно обвинителство Белград во соработка со полициската станица Нов Белград денеска му одреди притвор на Ж.Л. (27) осомничен дека се заканувал дека ќе ја убие мајка си.

-Тој е осомничен за кривично дело семејно насилство, се вели во соопштението на обвинителството.

Се сомневаат дека и се заканувал на мајка си дека ќе ја повреди и убие.

Осомничениот утре ќе биде сослушан во тоа обвинителство.