Семејството Кулакови повикува на протест по пресудата за Васил Јованов

Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова изрази длабоко незадоволство од пресудата што денес ја донесе Основниот кривичен суд Скопје, со која на возачот Васил Јованов му се досудени 12 години затвор. Тој беше обвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако на 29 јануари ја усмрти 22-годишната Фросина на пешачки премин кај Универзална сала.

(ВИДЕО) „Судот е мафија“: Бурна реакција на таткото на Фросина

„Ова не е правда, ова е потсмев“ – Семејството бара максимална казна

Сестрата на Фросина, Росица Кулакова, на социјалните мрежи порача дека оваа пресуда е навреда за сите родители кои го изгубиле своето дете.

„Ова не е пресуда што ја задоволува правдата. Ова е потсмев кон секој родител што плаче над гробот на своето дете,“ напиша Росица.

Таа повика на масовен граѓански протест кој ќе се одржи утре (среда), со почеток во 17:00 часот пред Универзална Сала. Целта е од таму демонстрантите да се упатат кон Основниот кривичен суд во Скопје.

Васил Јованов осуден на 12 години затвор

„Награда за убиство“ – Остри зборови од таткото на Фросина

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, во својата изјава за медиумите ја оцени пресудата како понижувачка:

„Ова не е казна, ова е награда за вакво брутално убиство во сообраќајот. Родителите на Васил беа тотално релаксирани во судницата. Дали ја знаеја казната однапред? За разлика од претходното рочиште, сега не покажаа ниту малку грижа,“ изјави Кулаков.

Семејството Кулакови, поддржано од бројни граѓани на социјалните мрежи, бара максимална казна за сторителот и целосна ревизија на случајот. Протестот се најавува како мирен, но со јасна порака: правда за Фросина.

Извор: Мета