-Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Тој додава дека семејството Белчовски ги помести вредностите во општеството, а граѓаните на земјава бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.