Со ова САД можат да избегнат стечај во однос на долговите во федералниот буџет, однoсно избегнување државен банкрот.
Гласањето следува по двомесечни спорови и дискусии меѓу демократите и републиканците. Денешното гласање е плод на минатонеделниот договор меѓу Чак Шумер и Мич Меконел, демократскиот лидер на мнозинството и републиканскиот лидер на малцинството во Сенатот. Благодарејќи на овој договор, нацрт законот може да биде утврден со просто мнозинство.
Министерката за финансии, Џанет Јелен, го повика Конгресот на зголемување на лимитот на долгот најдоцна до среда.
Зголемувањето на лимитот на заеми е потребно за покривање на долгот појавен од времето на претседателството на Доналд Трамп што порасна отприлика за 7.8 трилиони долари поради радикалното снижување на даноците и значајните трошоци за борба со Ковид-19.
Републиканците застапуваат против зголемување на лимитот на државниот долг, условувајќи го гласањето со нацрт-законот за финасирање во социјалната сфера и борбата со климатските промени во висина од 1.75 трилиони долари, чие усвојување е побарано од Администрацијата на Бајден.