Џулијан Смит на новата функција доаѓа од сенатскиот комитет за вооружување, а претходно работела во Пентагон, каде го предводела Одделот за европски и НАТО прашања, по што одреден период била и заменик советник за национална безбедност во времето кога Џо Бајден му беше потпретседател на Барак Обама.
Назначувањето на Смит, која беше претставена од сенаторката Џин Шахин, демократка од Мисисипи, беше поддржано без никакви забелешки. Функцијата амбасадор во НАТО во САД се смета за важна појдовна позиција во областа на безбедноста, во услови на зголемени закани во Европа од страна на Русија и во односите меѓу САД и Европа.
Гласањето за утврдување на кандидатурата помина брзо, откако сенаторот Хоули ја повлече претходно ставената блокада на постапката. Причината зошто Хоули ја симна блокадата е, како што рече, бидејќи добил уверување дека Смит ќе бара од сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана.