Резолуцијата помина со поддршка и од републиканци
Сенатот на САД синоќа усвои резолуција за воените овластувања на претседателот, со која се предвидува претседателот Доналд Трамп да не може да продолжи со воени дејства против Иран без одобрение од Конгресот.
Резолуцијата беше изгласана со 50 гласа „за“ и 47 „против“. Покрај демократите, мерката ја поддржаа и четворица републикански сенатори.
Со ова, законодавците испратија порака дека овластувањето за испраќање американски трупи во војна треба да остане во рацете на Конгресот, како што е предвидено со американскиот Устав.
Следуваат нови процедури и можност за вето
И покрај усвојувањето во Сенатот, резолуцијата треба да помине уште неколку законодавни процедури.
Следно е гласање во Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат републиканците, а постои и можност Трамп да стави претседателско вето.
Сенаторот Тим Кејн, кој е предлагач на резолуцијата, изјави дека актуелниот прекин на огнот остава простор Трамп своите аргументи да ги образложи пред Конгресот.
