Денеска е нов голем ден за хрватскиот фудбал. Јуниорите на сплитски Хајдук се пласираа во финалето на Лигата на шампионите откако во денешниот полуфинален натпревар ги совладаа врсниците од славниот Милан со 3:1, пренесе Спортклуб.
Натпреварот се играше во Женева, а децата на Хајдук имаа поддршка од околу 5.000 навивачи кои беа нивниот 12-ти играч на патот до големиот успех.
Голема улога во оваа акција имаше Антуновиќ кој повлече двајца играчи на Милан зад себе, а Брајковиќ можеше непречено да асистира.
После тоа, Милан имаше две шанси да се врати. Најпрвин Буљан сопре обид на Ел Хилали во 56. минута, а седум минути подоцна Хрговиќ на гол-линијата спречи обид на Куенца.
Се играше во 69. минута кога Хајдук го постигна вториот гол. Брајковиќ повторно беше асистент. Уфрли од корнер, а американскиот играч за врска Покштас со глава ја упати топката во мрежата.
Пет минути по вториот гол на Хајдук, Алеси имаше шанса да ја намали таа предност, но неговиот удар од 15 метри помина над голот.
Се беше решено во 76. минута. Хрговиќ му ја украде топката на Кубис и од тежок агол погодува мајсторски за недостижни 3:0.
Милан постигна утешен гол преку Зероли, кој од 12 метри го матираше Буљан, кој искрено не реагираше добро во оваа ситуација.
Хајдук оди во финалето откако ги исфрли Шахтјор, Манчестер Сити и Борусија Дортмунд, а денес уште еден познат тим – Милан.
Во финалето ќе играат против АЗ Алкмар, кој го елиминираше Спортинг Лисабон по пенал во полуфиналниот натпревар одигран претходно денеска. Финалниот натпревар ќе се игра за три дена во Женева.