Динамо Загреб останува без победа на „Пољуд“, а екипата на Хајдук издвојува победа над Динамо Загреб од 1-0 со асистенција на нашиот Александар Трајковски.

Хајдук е сериозен во намерата конечно да го тргне Динамо од тронот на хрватскиот фудбал, а најдобар доказ за тоа е што за клубот од Сплит ова е втор триумф против вечниот ривал во оваа кампања.

Клучниот момент се случи во 58 минута кога по топката која ја испрати Лучиќ, со глава играше нашиот Александар Трајковски по што Емир Сахити стрелаше за ерпупција на „Пољуд“.

Ова за некогашниот играч на Работнички е втор сезонски гол, додека пак за Трајковски прва асистенција во новата средина.

Кај гостите пак половина час одигра искусниот Аријан Адеми, додека Стефан Ристовски не беше активен поради повреда.