Одлуката, како што пренесува денеска Би-Си-Си, подразбира забрана клубовите да промовираат дресови во зелена боја, а исклучок се екипите кои традиционално настапуваат во зелени дресови на домашен терен.
Раководството на италијанската Прва фудбалска лига ја донесе одлуката на барање на телевизиските компании со образложение дека контрастот на зелените дресови со теренот им предизвикува проблеми на гледачите при следење на натпреварите.