Попладнево се огласи сестрата на Фросина, Росица Кулакова која беше прегазена кај Универзална сала. „Не протестираме против владата, благодарни сме ѝ и бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство и иницијатива „Кој е следен“, пишува таа и додава дека треба да се слушнат барањата кои ќе произлезат од протестите.
Во продолжение пренесуваме што објави Росица Кулакова.
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА:
Денес официјално се приклучив кон иницијативата “Кој е следен” како претставник на целото наше семејство и гасноговорник за Фросина.
❗️Да нема забуни, манипулации и политизирање! Нешто што ние од првиот ден го бараме!
‼️Ова е граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука!
📍16.30ч пред Универзална Сала.
Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем.
📍17.00ч пред Влада ( извршна власт)
Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.
Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата!
📍17.45ч пред Собрание (законодавна власт)
Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.
📍18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт)
Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти!
🙏🏼 Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен❗️
Се гледаме утре пред Универзална во 16.30!
🪩 ПРАВДА ЗА ФРОСИНА